Петар Печков
Објавено: сабота, 10 мај 2008
На лицитација се продаде објектот на велешката библиотека за 16,53 милиони денари, сопственост на општината.
Прилепската фирма „Цемак – експорт“ која се бави со транспрот и шпедиција а има и менувачница, беше единствениот учесник на јавното наддавање за атрактивниот деловен простор во центарот на градот, која го купи 271 илјада евра. Новите сопственици сеуште без конкретна најава за што ќе го користат истиот кој е со корисна површина од 200 метри квадратни, а во 60-сетите години на минатиот век таму работела кафеаната Атина.
Библиотеката „Гоце Делчев“ со сто илјади книги, веќе започна со преселбата во новите простории на некогашниот Пионерски Дом „Ѓоре Органџиев“.
Таа ги продолжува традициите на најстарото читалиште во Македонија формирано во 1857 година од Ангелко Палашев.

Tweet |