речник контакт

Се работи за воведување еднонасочен сообраќај на улица Архиепископ Михаил

Градежни работи на премостување на улица Љубен Весов до улица Архепископ Михаил

Петар Печков

Во тек се градежните работи за премостување на улица Љубен Весов со улица Архиепископ Михаил. Тоа се изведува преку уредување на улица Браќа Поп Јорданови, делот каде се спојува со улица Љубен Весов, парче од околу 50-тина метри, која досега беше пешачки дел. 

Работите  започнаа на 10-ти февруари и локалната власт најави дека треба да завршат до крајот на месецов.

Градежните работи ги изведува фирмата „Изгрев инженеринг“ од Велес.  Од Општина Велес соопштија дека  градежните активности се дел од реализација на проектот „Градежни зафати за воведување на еднонасочно одвивање на сообраќај“ и тоа на улицата Архиепископ Михаил.

Според најавите таа ќе биде еднонасочна од правец на Сармаале до јаворот кај Градскиот саат.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »