речник контакт

Се работи на нова атлетска тартан патека на Градски стадион

Патеката ќе има шест ленти и на неа ќе биде поставена еластична спортска тартан подлога, според ИААФ стандарди, додека на патеката од 100 метри ќе има осум патеки

Петар Печков

Во тек е поставувањето на нова атлетска патека, на Градскиот стадион во Велес.  Вкупната инвестиција за овој инфраструктурен проект на Министерството за спорт изнесува 20 милиони  денари. Патеката ќе има шест  ленти и на неа ќе биде поставена еластична спортска подлога, тартан според ИААФ стандарди, додека на патеката од 100 метри ќе има осум патеки.

„Поставувањето на нова атлетска патека е многу важно за атлетиката како базичен спорт. Се работи со забрзано темпо, благодарност до операторот кој се ангажираше максимално, за да ја предадеме пред летото, на користење“ – кажа Борко Ристевски министер за спорт.   

Градежните работи на Градски стадион се одвиваат десетина дена а ги изведува градежната фирма „Интеко“ Скопје. 

„Инвестицијата е на Министерството за спорт а на барање  на Општина Велес. Градот има доста професионални атлетичари но уште повеќе рекреативци, кои тука трчаат. Изминатиот период реконструиравме неколку училиштни спортски сали, создадовме неколку спортски нови терени, комплекси. Тие се масовно се користат од граѓаните“ – кажа градоначалникот Марко Колев.  

На прашањето од ТрМр како новата патека ќе се заштити од оштетување, пред се од копачките на фудбалерите, Колев рече:

„Овој проблем го разгледувавме со директорот на ЈП Парк спорт и паркинзи. Ќе се постави гумена подлога врз тартан патеката, како што беше претходно. Но долгорочното решение е натпреварите од Општинската фудбалска лига да се играат  на реновираното помошно игралиште, кога ФФМ ќе го оспособи.  А на Градски да има помалку тренинзи, натпревари а со тоа и спортисти кои ќе се движат по патеката“ – рече Колев. 

На прашањето од ТрМр до Министерот за спорт Борко Ристевски, дали ќе го најави почетокот на реконструкцијата на салата Гемиџии, тој објасни дека тоа ќе го стори кога ќе дојде тогаш при почетокот на работите, бидејќи имало уште детали кои треба да се  прецизираат, пред да започнат градежните зафати. 

Се работи на површина од 4.700 м2  а 3.900 м2 се на кружен облик а 800 м2 е зад голот за други атлетски дисциплини, скок во далечина, скок во височина... 

Атлетската тартан патека на Градски во Велес беше изградена од ЈНА за тогашните Сеармиски спортски игри, кои се одржаа во Велес 1979 година, кога беше изграден и Градскиот базен.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »