Петар Печков
Објавено: вторник, 27 септември 2022
Жителите на Општина Градско нема потреба да стравуваат по информацијата дека од утре ќе биде затворен регионалниот пат Велес -Градско поради реконструкција.
Оваа информација денес ја објави Авто Ммото Сојусот на Македонија и предизвика стравувања, дека во деветте месеци додека трае обновата на оваа делница, тие ќе мора да патуваат по автопат и да плаќаат патарина, која во еден правец е 60 денари.
Од Јавното Претпријатие за државни патишта уверуваат дека со времениот режим, жителите ќе може да го користат регионалниот пат за патување до Велес и назад.
„ЈПДП врши реконструкција на регионалниот пат Велес- Градско и заради безбедно изведување на работите добиена е дозвола од МВР за воведување на времен режим на сообраќај. За таа цел реконструкцијата на регионалниот пат е поделена во 7 секции и секоја секција се наоѓа меѓу две населени места со што ниту едно населено место нема да биде отсечено“ - соопштија од ЈП за државни патишта, на поставеното прашање од ТрМр.
Tweet |