речник контакт

Се санира надворешноста на зградата на велешки театар

Градежните зафати се со цел подобрување на одведувањето на атмосферските води, спречување на влага и заштита на објектот на подолг рок

Петар Печков

Се врши санација на дел од надворешноста на зградата на велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“. Изминатиот месец се работи на кровната купола, олуците и партерот, пред влезот од зградата.

Градежните зафати се со цел подобрување на одведувањето на атмосферските води, спречување на влага и заштита на објектот на подолг рок. 

„Во тек се градежни работи кои опфаќаат демонтажа и замена на дотраени олуци, изведба на нова хидроизолација на куполата и санација на вертикалната хидроизолација во партерниот дел“ – кажа  Жарко Спасовски директор на НУ театар „Јордан Џаџи Константинов Џинот.

Реконструкција се врши со средства во висина од 800 илјади денари,  обезбедени од Министерството за култура, по барање на Велешкиот театар, како дел од  Програмата за работа на театарот за минатата година. 

Зградата на велешки театар беше предадена за користење во декември 2014 година со претставата „Најважната работа на светот“ во режија на Љубиша Георгиевски а по текст на Братислав Димитров. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »