Петар Печков
Објавено: петок, 23 јуни 2017
Вежба на волонтерите од велешки Црвен Крст, со која се спасуваа давеници од реката Вардар. Симулациона вежба беше изведена од Тимовите за одговор при катастрофи на Општинската организација на Црвен крст Велес.
Претпоставката беше дека утрото се случил земјотрес, по што дошло до голема хаварија на некоја од браните на реката Вардар, во горниот тек. Со тоа надоаѓа голем, силен воден бран, кој е опасност по жителите покрај реката, кој се животно загорзени.
Останатите служби, алармирале, ги извршиле своите обврски и сега Црвенето крст остана да ги спасува давениците кои се нашле во реката. Со ова завршува проектот, со кој обучуваат лица на тимови за одговор при катастрофи. Денес е завршниот дел, што изминативе два месеци волонтерите се обучуваа, сега во пракса го покажаа, преку оваа вежбовна активност. Цел ни е да имаме постојано подготвена група на добро обучени и спремни волонтери, кои можат да се активираат при евентуална на било која елементарна непогода – изјави Миле Маџаров секретар на ОО на Црвен Крст од Велес.
Во неа активно учество земаа и кајакарите од неколку кајак клубови од градот.
Tweet |