речник контакт

Се судија два воза на железничката Рајко Жинзифов

Има и повредени патници, но вон животна опасност

Петар Печков

Попладнево околу17,30 часот на железничката станица Рајко Жинзифов се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа два воза, еден патнички и еден товарен. И двата сообраќале во правецот кон Велес. Од ударот  повредени се неколку патници кои се здобиле со полесни повреди. Несреќата ја потврдија и од Македонски железници. Патниците од возот кој од Скопје патувал за Гевгелија се сведоци на настанот.

Само што тргна возот од станицата и забрза, почувствувавме удар. Мислевме дека ќе се превртиме толку беше силен. Имаше паника, страв меѓу патниците, што се случува. Некои што се уште стоеја паднаа, други кои ги местеа торбите на багажниците исто така. Мене ми падна в гради, ме издиша останав без воздух. Имаше едно лице кое главата му беше облеана во крв, беше маж. Велат дека бил машниновозачот – вели една од патничките која била во првиот вагон од т.н. воз ,,Горбачов,,   Никој не може да потврди колку лица се повредени во сообраќајката која се случи на  излезот од железничката станица Рајко Жинзифов. Друг патник објаснува како се случило.

Патничкиот воз со кој патувавме тргна а до нас на другиот колосек имаше теретен воз, кој исто така беше во движење. Кога се приклучувавме  дојде да бидат на иста пруга, на ист колосек, па нашиот патничкиот откосо велат во локомотивата од товарниот. Таа излета од пругата и е покрај неа превртена, падна. Додека на пругата има повеќе оштетени вагони.  По неколку минути од Скопје  дојде на железничката станица и експресниот воз Хераклеа, кој сообраќа за Битола.  Можеше да биде и полошо. Тој сопре благовремено – вели друг патник. 

Железничкиот сообраќај во поголемиот дел од Македонија поради овој инцидент е во прекин, не сообраќаат возовите кон Битола, Гевгелија и Кочани. Не се знае до кога ќе трае прекинот, оти екипите на ЈП МЖ се на увид. Ќе треба да се расчисти пругата кај Рајко. Вечерва се организираше автобуски сообраќај од страна на железницата. Пет преполни  автобуси со патници од Скопје и двата воза кон Гевгелија и Битола,  беа префрлени до Велес а од тука преземени патниците кои чекаа трпеливо на железничката станица во Велес од возовите од Гевгелија и Битола.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »