речник контакт

Силовит старт на ФК Борец на стартот од Третата лига Југ

Порази за ФК Превалeц и ФК Башкими

Петар Печков

Започна првенството во Третата лига Југ, силовит почеток за екипата на ФК Борец. Во првото коло на домашен терен, на Градски со убедливи 7:0 (2:0) славеше над екипата на ФК Млекар од Прилеп. Пеце Стојанов и Милан Чичевски постигнаа хет трик, по три гола а еден Албин Јашари.Три гола велешани постигнаа во последните 7 минути од натпреварот.  ФК Превалец кој неколку години е вицепрвак во оваа конкуренција започна со лош резултат, висок пораз во Прилеп од ФК Победа со 0:6. Загуби и третиот претставник на ОФС Велес во оваа конкуренција, ФК Башкими од Горно Јаболчиште со 0:2 во Големо Коњари од истиомената екипа.

Во следното второ коло, ФК Борец гостува во Крушево кај ФК Питу Гули, ФК Превалец игра дома со ФК Ултрас (Прилеп) а ФК Башкими во Чашка ја пречекува прилепска Победа. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »