Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 септември 2022
Син и снаа се приведени во Полициска станица Велeс, оти при семејна расправија, физички ја нападнале мајката, односно свекрвата. Таа била на 65 годишна возраст. СВР со детали за инцидентот.
„На 18 септември полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Т (41 год) и неговата сопруга С.Т (34 год) од Велес. Тие на 17 септември година, по кратка вербална расправија во семејниот дом во Велес, физички ја нападнале 65-годишната мајка на Т.Т. „- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Лицата биле приведени во полициската станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.
Tweet |