речник контакт

Сите илјада термини за вакцинација против сезонски грип во Велес, неделава се пополнети

Пријавувањето е преку страницата вакцинација.мк

Петар Печков

Започна   вакцинацијата за сезонски грип, во однос на лани четири дена порано. Вакцината се аплицира во просториите на   ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес, на два пункта. На влезот, од десно,  каде што беше ордианција за стоматолошки услуги.

„За територијата на Општина Велес примени се две  илјади дози вакцина. Вакцини примија и центрите на подрачјето кое го покрива Центарот за Јавно Здравје Велес, институциите во  Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Свети Николе.  Овие количества се за бесплатни вакцини.  Велeс доби 200 вакцини за комерцијална потреба, која чини 700 денари“ - кажа инфектологот  прим. д-р. Билјана Трајкова од Центарот за јавно здрaвје.  

Ризичните групи можат сами да се пријават на страницата  вакцинација.мк. по што ќе добијат  датум за вакцинација. Тоа се пациенти на возраст над  65 години, болни од хронични болести, деца од 6 месеци до 3 години, трудници, здравствените работници.  Сите останати пациенти кои сакаат да се вакцинираат и заштитат од сезонски грип, тоа можат да го сторат со комерцијалната вакцина.  

Интересот кај велешани   за бесплатната вакцинација  е голем. До петок, 25  октомври сите термини за вакцинација се пополнети, по 240 теремини за  лица на ден во терминот од 8 до 13 ч, кога се извршува вакцинација против сезонски грип.  

И бесплатната и комерцијалната вакцина годинава се од ист производител. Тоа е  четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот „Абот“ од Холандија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »