Петар Печков
Објавено: среда, 22 мај 2024
За продажбата на градежно земјиште околу езерото Младост, каде почнаа или се градат објекти, градоначалникот Марко Колев се оградува, дека тој нема продадено ниту една парцела. И се што се градело било со дозвола издадена во општина, но пред тој да стане градоначалник. Ова го кажа на неодамнешната негова прес конференција а по реакциите на граѓаните за градежната есплозија од градби, на подрачјето околу езерото.
„Откако јас сум градоначалник, сега веќе два и пол години има само една објава за продажба на градежно земјиште. Тоа беа три парцели во сателитската населба. Друго немам ништо ниту објавено ниту продадено, оти и од овие три само една се продаде. Објектите кои сега се градат помеѓу „Еко кампот“ и „Глориус“ се продадени уште во 2015 година и имаа рок од 10 години да се градат. За други, постапката е завршена пред седум-осум години. Пред неколку недели испратив инспекција, да се конторлираат сите овие нови градби. Од инспекцијата добив извештај, дека сите градби се градат согласно одобренијата кои ги издала опшината“ – кажа Колев.
Неодамна велешките акцијаши ветерани, кажаа дека при обидот да најдат парцела каде би засадувале или пошумувале во околината на езеро Младост, констатирале дека нема слободна працела, се било приватизирано.
Tweet |