Петар Печков
Објавено: недела, 01 февруари 2026
Пронајдена е мајката која ги оставила петте малолетни деца и заминала. Полицијата ја пронашла во Ѓорче Петров, Скопје.
„На 01 февруари во 02:05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, лишија од слобода 36-годишна велешанка. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека таа ги оставила во домот нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
За случајот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Неодамна ТрМр објави дека велешанка доби две години затвор затоа што заминала за Германија и го оставила дома само тримесечното бебе.
| Tweet |




