Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јули 2013
Минувачите на Мало мовче, овој вторник беа изненадени кога видоа дека на него се поставуваат скелиња. Немаше работници во претпладневните часови, па разбирливо беше што бројните велешани кои одеа или се враќаа од Пазар беа во дилема што се случува, зошто се поставуваат скелињата. Одговорот стигна од локаланата власт.
Се менуваат рефлекторите и осветлувањето. Се поставуваат нови – изјавија од општина Велес. Останува сега д се провери колку и како ќе осветлуваат новите рефлектори на Мало мовче
Tweet |