Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 октомври 2012
Изнајмувањето на дуќаните во централното градско подрачје на Велес доби нова повисока цена. Ако досега некои плаќаа по 200 евра за еден месец, за простор од триесетина квадрати, од почетокот на септември плаќаат по 500 евра за дуќан. Ова се должи на новата методологија на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост. Новите цени доаѓаат по полог период на не менување.
Откако наместо Јавно претпријатие се трансформиравме во Акционерско друштво започнавме да ги прегледуваме договорите на нашите закупци. Констатиравме дека тие се на неограничено време со ниски цени, кои се стари од 1995-та година. Така се плаќало по две евра од квадрат или 200 евра за продавница на главната улица 8-ми Септември. Тоа е нелогично и економски неоправдано. За истиот такви објекти на Благој Ѓорев новите наши закупци плаќаа по 500 евра, додека приватните ги даваат и по 800. Тогаш каде е логиката да се издаваат за така ниски цени, по што согласно новата методологија сега дуќаните плаќаат по просек од 500 евра. За илустрација на пазарното однесување, на неодамнешното јавно надавање за продавница во центарот на градот, цената скокна до 21 евро за квадрат а претходниот закупец плаќал три евра – велат од АД СДПДС.
Новина е што новите договори се потпишуваат на две години и ако закупецот ги плаќа обврските навремено, договорот му се продолжува автоматски без лицитација. Ако се случи некој да заостане со обврските, просторот се нуди на наддавање. До нив немало реакции од закупците по новите повисоки цени. Затоа пак тие реагираат анонимно.
Кога го земавме дуќаните по наем, моравме да го плаќаме заостанат долг од претходните корисници. Потоа моравме да ги уредуваме продавниците, излозите, во некои има проблем со водоводната мрежа, што се сами го отстранувавме. Затоа е потребно овие работи да се земат во пред при формирањето на новата цена и плаќањето на киријата – велат дел од велешките сопственици на деловен простор во центарот на градот.
Tweet |