Петар Печков
Објавено: четврток, 10 декември 2015
Фудбалерите на Вардар со убедливи 4:0 славеа во последното есенско коло од Првата фудбалска лига. Тие лесно ја совладаа трето пласираната екипа на Силекс, со што стигнаа до есенската титула.
Резултатот го отвори Грнчаров во 29-тата минута, Ивановски зголеми во 71-та, а Стојков во финишот постигна два ефектни гола од 18м во 74 и 89-та минута. На почетокот од средбата дојде до инцидент на трибините, поради што во полициската станица Велес се приведени три лица.
Oд СВР Велес информираа ,, при одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар и Силекс, регистрирано е нарушување од страна на лица од една навивачка група, при што интервенираа полициски службеници. Во моментов три лица се доведени во Полициска станица Велес и се работи на целосно расветлување на настанот,, .
Tweet |