Петар Печков
Објавено: четврток, 10 февруари 2011
Тројца скопјани измамиле велешанец, му земале 71 клима уред а не ги платиле и го оштетиле за 830 илјади денари. За ова З.З. ( 44 год) М.М. ( 55 год) и И.С. ( 33 год) од велешката полиција добија кривични пријави за измама.
Според СВР Велес тројцата осомничени во текот на 2009-тата, претставувајќи се како вработени во фирмата ,,Верана лингва,, подигнале 71 клима уред со образложение дека добиле тендер да инсталираат вакви апарати во повеќе општини во Скопје и во Штип.
Но скопјаните ги подигнале климатизерите од фирмата ,,Квадро – М,, од Велес а до денес ниту ги платиле фактурите, ниту ги вратиле апаратите. По ова против нив е поднесена кривична пријава за измама.
Tweet |