Петар Печков
Објавено: четврток, 01 октомври 2026
Скопјанецот М.И. (63 год) со кривична пријава од велешката полиција за кривичното дело „даночно затајување“. МВР со детали за кривичната.
„На 2 септември бил извршен претрес во хотел во Велес, при што било констатирано дека пријавениот изнајмувал хотелски соби како физичко лице, наплатувал парични средства за даденото сместување, а остварените приходи не ги пријавувал пред надлежниот даночен орган, ниту ги евидентирал како остварен приход.“ – соопштија од МВР.
Истите иницијали М.И. исто од Скопје, со истиот ден 2 септември се забележани во билтенот на СВ Р Велес, кога беа уапсени неколкумина италијански ловџии. А лицето М.И. од Скопје било уапсено како домар, во објектот во кој гостите престојувале. Објектот е хотел кој беше во стечај близу Велес па се продаде, кој подолго време не се користи и беше изненадување кога во него престојувале гости.
| Tweet |




