речник контакт

Скопјанец со автомобилот излетал од автопат, поради специфичната повреда, препратен на скопските клиники

Сообраќајката се случила кај Ветерско

Петар Печков

Скопјанец со автомобилот излетал од автопат, поради специфичната повреден препратен на скопските клиники.

„На 01 јуни во 06.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, на место викано „Ветерско“, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(39 год) од Скопје, излетало надвор од коловозот“ – соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес.

„Неделата наутро е донесен пациент повреден во сообраќајна незгода. По извршените снимања, констатирана е скршеница на бутна коска. Пациентот надвор од животна опасност, но поради спецификата на повредата е пренесен на натамошен третман на скопските клиники“ – кажа д-р Ванчо Граматов, портпарол на Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »