Петар Печков
Објавено: среда, 17 ноември 2021
Институтот за јавно здравје, го објави неделниот извештај за состојбата со вакцинацијата за заштита од ковид-19, заклучно со 14-ми ноември. Така за седум ден , во велешко опфатот минимално се зголемил од 46,9% на 47,3%.
Ова се податоци освен за општина Велес и за соседните Градско и Чашка, но и дел до жителите на Лозово се вакцинираат во Велес.
За потсетување од почетокот на ноември во опфатот се внесени податоци за лица на 12 годишна возраст и повеќе, откако претходно се евидентираа вакцинирани +18 години. Поради тоа и паднат е процентот на опфат, оти мал е бројот на деца кои се вакцинираат.
На територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е 43,7% а пред недела дена беше 43,4 проценти.
фото виктор стоилковиќ
Tweet |