речник контакт

Снимка од воениот полигон Криволак, објавена на социјалните мрежи од момче од Неготино го судри со законот

Имал снимено и фотографирано возила во конвој на АРСМ и ги објавил јавно

Петар Печков

Момче снимило видео од активносгти на полигон Криволак и ги објавило на социјална мрежа. Со тоа сторило кривичнио дело и полицијата ќе му поднесе кривична пријава.

„На 15 април  во 13:40 часот во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со Д.К.(21 год) од Неготино поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик. Во армискиот полигон Криволак ги имал снимено и фотографирано возилата во конвој на АРСМ и ги објавил јавно на платформа на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите кои ги реализира армијата“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес. 

За настанот бил известен јавен обвинител.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »