Петар Печков
Објавено: среда, 13 април 2016
Детската Градинка од Велес, Димче Мирчев доби соба за сензорна интеграција, наменета за децата од предшколска возраст. Ова е единствена таква во Македонија и опремена со финасиска помош од Мировниот корпус на САД во Македонија и Швајцарската амбасада во Скопје.
Оваа соба работи во рамките на Центарот за едукација, рехабилитација и советување ,,ИСКРА,, кој исто така беше промовиран а започна со работа и логопедски кабинет и Советувалиште за деца, родители и вработени.
Новините кои денес ги промовираме можат да ги користат децата и родителите од сите шест клона на градинките во градотс, заедно со клонот во Градско , сите се наши корисници. Во нив ќе работат наши вработени- логопеди како и волонтерка на Мировниот корпус. Така кај децата уште од најмала возраст ќе можеме да влијаме на нивниот развој. Со рано детектирање можеме да ги надминеме евентуалните проблеми што се јавуаат во предшколска возраст - изјави директорката Анида Цецева.
Интеграција, советување, креативност, рехабилитација тоа се дел од услугите кои можат да ги добијат родителите за нивните деца во Центарот за едукација ,,Искра,,. Собата за сензорска интеграција можат да ја користат деца кои не се со дијагностицирани потешкотии во развојот.
Собата за сензорска инетграција нуди широк спектар на услуги. Пред се деца кои имаат перварзивно развојно нарушување, аутизам, одредени дисфункции, хиперактивни деца, деца кои имаат проблеми во учењето, во емоциите, во социјалниот живот. Опремата може да се користи преку игра и со правилно насочување детето може да ги надмине одредените недостатоци - рече Сашо Новачев дефектолог.
Во реализацијата на целиот проект Детската градинка работела заедно со невладината организација ,,46664,,.
Tweet |