речник контакт

Соба со пијано со премиера во Велес

На премеирата присуствуваше дел од екипата на филмот. По Скопје, Битола и велешани ја имаа таа чест. Ќе се прикажува до вторник вечер со почеток во 20 часот, цената на билетот 100 денари

Петар Печков

 Во петокот вечер во салата на велешкиот театар се одржа премиерата на најновиот македонскиот игран  филм ,,Соба со пијано,, на режисерот Игор Иванов кој заедно со Жаклина Мирчевска се сценаристи. На присутните гледачи им се претстави и дел до екипата, која  учествуаше во  неговото создавање.

Филмот е приказна за луѓето кои ги поврзува хотелска соба, каде тие престојуваат и каде го реализраат нивниот сон  кој станува јаве, каде се буди  второто јас.  Раскажани се нивните животни судбини, преку повеќе епизоди. Филмот кој го држи гледачот за седиштето сите 104 минути, остава силна трага и порака и е вреден за внимание. Или илустративна беше изјавата на  велешкиот актер Љубе Терзиев кој рече,, филмот толку не вџаши, што немавме сила ниту да аплаудираме,,. 
 
  Освен Скопје еве и во Велес направивме промоција, поради Зафирчев.Луѓето имаат и пофалби и забелешки за филмот, но сите имаат иста мисла дека Васил одигра одлично.  Ова е филм каде цел свет може да се собере во една соба. Одбравме тешка патека по која одевме, пред се финансиска, но резултатот е важен. Убаво е кога филмот публиката го прима добро, тоа е задоволство за нас креаторите – рече режисерот Игор Иванов Изи. Ова е негов втор филм после дебитантскиот Превртено.

Ове не ми е прво искуство на филм, но најубавото професионалано на големото платно. Филмот беше предизвик пред се работата со режисерот неговата естетика и работа со актерите. Имав долга аналитичка сериозна подготовка, па зтоа ликот го имав во малиот прст. Ми се допаѓа универзалната порака која филмот ја праќа. Овој филм е македонски но може да допре гледачи ширум светот – изјави актерот Васил Зафирчев. 

За одбележување е што публикта пред се женскиот дел, беше дотеран како што доликува за на  црвен тепих. Штета што немаше телевизиска екипа овој убав детал да го забележи. Не само битолчани и скопјани знаат како се однесува поточно облекува  за  приемера. Редовните кино проекции на филмот  продолжуваат од 19 до 22 октомври со почеток во 20 часот,

Во филмот игра домашна и меѓународна група на актери: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогес, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Фирдаус Неби, Невена Ристиќ, Јагода Кумриќ, Астрит Алихајдарај, Нино Леви и Јана Стојановска. Специјални гости се: Тони Палмер, Мајк Сарн и Ханес Вегенер.

Сценариото за филмот го напиша Жанина Мирчевска во соработка со Игор Иванов, а дел од авторската екипа се и Томи Салковски – продуцент и кинематографер, Чили Гонзалес – автор на музика, Владимир Павловски-монтажа, Миленко Јеремиќ-сценографија, Елена Дончева-костимограф и Ана Булајиќ Црчек-шминка.  Скопје Филм Студио е продукциската куќа која стои позади „Соба со пијано“, чија реализација беше поддржана од страна на Филмскиот Фонд на Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »