речник контакт

Советникот од Левица, Смилев, побара поддршка од колегата од ДУИ, како „зелена партија“ да помогне околу обновата на П.Д. Бреза

Смилев раскажа како што рече во последен момент била симната точка од дневен ред за легализација на објект -свињарска фарма

Петар Печков

Советникот од Левица,  Игор Смилев, истовремено и еколошки активист на последната седница на Советот ја актуализираше потребата да се изгради или реновира планинарскиот дом „Бреза“. Истиот е разрушен, уништен а во околината се градат нелегални објекти.  Во поддршката за оваа идеја, побара  помош од неговиот сосед, на советничкото место, но и како што рече неговата партија ДУИ, која се ребрендира во „Зелена“.

„Очекувам поддршка од колегата од ДУИ, со кого делиме зелени вредности. Барам информација од градоначалникот, за издавање дозвола за изградба на планинарски дом „Бреза“.  Таму владее шумска мафија, бидејќи е узурпиран простор.   Се лишивме  од зелена планина од зелен простор, и затоа е потребно тој да станe воздушна бања за велешани.  Таму во следните години и децении,  да изградиме  планинарски дом  Берза. Од него најголем економски бенефит ќе имаат жителите на  Бузлаково,  кое е попатно кога се стигнува на пд. Бреза. Домот не може да го изгради општина, и би се градел со европски пари. Но тој му е потребен на градот и неговите жители“. - рече Смилев.  

Тој не пропушти да ја раскаже епизодата од претходната, трета седница кога во последен момент  во надлежната комисија, била повлечена точка од дневен ред, на која требало да се легализира нелегален објект. На неговото прашање што треба да се легализира, одговор од администрацијата на локалната власт било „свињарска фарма“:

„Се најдовме во ситуација , за малку да легализиравме свињарска фарма. Дознавме по едно бенигно прашање, за што се работи, за свињарска фарма. Имаме и свињарска мафија, како што е градежна, шумска, урбана.. “- додаде Смилев.

По ова точката била симната од дневен ред.

фото: архива ТрМр

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »