Петар Печков
Објавено: четврток, 05 јули 2007
Советот на општина Велес го прифати етичкиот кодекс на локалните функционери, со што стана прва локална власт во Македонија која усвои овој значаен документ.
Неговото усвојување значи воведување на највисоките стандарди на работа на општинската власт со примена на принципите на заштита на јавниот интерес, транспарентност и отчетност, сметаат советниците во општина Велес.
Тие во дискусијата за негово донесување не пропуштија да се потсетат на сопствените морални и етички квалитети, потсетувајќи кој како бил избран, на чија листа бил, каде и зошто преминал, како гласал досега и чии интереси бранеле.
Етичкиот кодекс е документ подготвен од УНДП и ЗЕЛС а негова цел е борба против корупцијата и транспарентно работење на општинските функционери.

Tweet |