речник контакт

Советниците прашуваат, ги чекаме одговорете

Колев праша што сработиле градежните инспектори, Саздов зошто Велес се гуши во ПМ 10 честички, Тевчева како знамето на ,,Ќосето,, се најде на Градскиот саат

Петар Печков

На вчерашната  69-та  седница на  Советот на Општина Велес од поставените прашања од страна на советниците до градоначалникот,  три предизвикуваат внимание.  

Претседавачот на Советот Александар Колев, рече дека е испровоциран и тој да постави едно прашање, откако бил ,,игнориран,, од страна на градежните општински  инспектори.

 По реакциите ан граѓаните за селективност, не постапување по нивни предмети побарав средба со градежните инспектори од локалната власт. За жал до средбата не дојде. Поради в ова го поставувам прашањето колку предмети имаа во 2016-та, колку сработија. Не дозволиво е да на барање на претседавач, претставник на граѓаните, не му се овозможи средба. Не само заради мене туку и за следните претставници кои ќе дојдат во Советот – рече Александар Колев.    

Петре Саздов  од ВМРО-ДПМНЕ постави прашање за еколошката состојба во градов.

 Последниот период, според мерењата на загаденоста, ПМ 10 честичките се на мошне високо ниво. Имаме континуирана загаденост, што не врати во врвот по не квалитетот на воздухот кои  го дишеме. Дали е тоа поради работата на варницата во Превалец, дали поради рудникот кој е близу Топилница, нека се истражи и објави – рече Садов.   

 Елена  Тевчева од ЛДП праша за знамето на здружението ,,Ќосето,, на Градскиот саат.    

Сведоци бевме на социјалните мрежи дека на Градскиот саат беше поставено занем на Здружението на ,,Ќосето,, Прашањето е како тоа се најде таму, кој дозволи, дали некој им даде согласност.  Барам одговор на овие прашања, кој  ја интересираат јавноста – рече Тевчева.

ТрМр за овие поставени прашања, ќе ги побара одговорите што локалната власт  во  писмена  форма ќе им ги достави на советниците.  Се разбира по одреден временски период

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »