Петар Печков
Објавено: сабота, 28 декември 2019
Советот на Општина Велес на петочната 48-ма седница додели 60 илјади денари, средства наменети за помош за семејството Маневи. Нивната куќа се уништи од пожарот во соседната на Паунови, а се случи минатата седмица на 21-тидекември годинава. Постапувајќи по барањето на семејството Маневи, одлуката беше донесена едногласно. Средствата за оваа намена ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Велес
Со цел да се помогне, Советот одобри парични средства од Буџетот на Општина Велес за 2019 година, како еднократна финансиска помош за потребите на семејството Маневи.
Средствата се трансферираат на сметка што е отворена наменска за помош на која може да донираат и граѓаните. Семејството Маневи , на мое му е уништена целата покуќнина, облека и документи, времено живее кај нивни роднини.
210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица ул. Јован Наумов Алабакот број 10 Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лица 262, со назнака донација.
За граѓаните кои живеат надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.
Tweet |