речник контакт

Советувалиште за одвикнување на пушачите

Советувањето е бесплатно и се одвива два дена во неделата, по два часа, со презентација

Петар Печков

За почеток медицинските лица се првите посетители на советувалиште за одвикнување од пушење, кое од вчера започна да работи во просториите на Центарот за јавно здравје.  Тие оваа седмица ќе можат да ги следат предавањата ан стручните лица. Наредната седмица е за колегите од ЈЗУ Медицински центар а третата е за  медицинските лица, доктори и сестри од ЈЗУ Општа Болница

Пријавувањето е доброволно а предавањата  бесплатно и ги спроведуваат двајца вработени во нашата служба за превенција и промоција на здравјето. Програмата има некаде 50-тина страни на кои детално е објаснето како може да се откаже пушењето но исто така и потенцирана е штетноста од цигарите. Предавањето трае два дена во седмицата. Од септември ќе биде и за граѓаните, кои сакаат нека се јават -  истакна, др. Флорентина Ристовска Шурбевска директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес.  Предавањата ќе се одржуваат во терминот од 14 до 16 часот. Овој проект е финансиран од  Министерството за здравство а со цел да се спречат заболувањата кои ги предизвикува пушењето.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »