речник контакт

Сомнителниот случај во Велес, негативен на корона вирусот

Извршени биле тестови и на фамилијата, сите се негативни

Петар Печков

Велешанецот за кого постоело сомнение дека има корона вирус,  тестовите покажале негативен резултат. Ова е информација од велешката Болница, откако вчера попладне тензијата во градот порасна, дека има сомнителен случај.

Добиен е назад тестот, пациентот кој  е на 76 годишна возраст во Болницата е згрижен поради мозочен удар,   нема корона вирус. Извршено е тестирање и на фамилијата  и сите се негативни - изјави за ТрМр, портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес, д-р Весна Николовска Неделковска.  

И во синоќешното соопштение од министерот за здравство Венко Филипче,  се зборуваше за шест нови случаи, но при тоа Велес како град каде има корона вирус не беше посочен.     

Лицето и неговата сопруга се вратиле од Шведска, биле во самоизолација а лекарска помош побрале откако здравствената состојба на  мажот се влошила, добил мозочен удар. Тој во велешката Болница бил превезен со возило на службата за Итна помош од ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Побарана е помош од Итната служба.Лицето е пренесено поради мозочен удар, до Нервното оддление на велешката Болница. Бидејќи доаѓа од средно ризична земја, Шведска, преземени се мерки согласно протоколите, за заштита на здравствените работници кои го пренесува. ЈЗУ Здравствен дом - Велес има опремено амбулантно возило специјално за оваа намена, а за возачот и останатиот медицински персонал се обезбедени со заштитни средства: скафандер, заштитни очила и специјализирана маска, навлака за обувки, сето тоа за еднократна употреба. По транспортот, амбулантното возило е дезинфицираано од овластени лица од Центарот за јавно здравје - Велес, согласно препораките и протоколот за постапување со сомнителни случаи - изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на Брзата помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »