Петар Печков
Објавено: среда, 02 јули 2014
Велешката фолк група Соната ја промовираше нивната нова ,,Пушти го коработ,,. Таа беше изведена во чест на тргнувањето на Вардарската регата и во чест на Гемиџиите и запловувањето на гемијата. Ова е стара велешка песна преработена, со музика и аранжман на членот на групата Трајче Бондиќов.
Оваа песна ја оставаме за гемијата, за Гемиџиите. Таа е наш придонес за Велес. Наскоро ќе ја снимиме, оти сега ја пеевме во живо и очекувам дека ќе има долг век – вели Никола Димовски член на групата.
Песната ,, Пушти го коработ,, ја пронашол Љупчо Данов во една од книгите оставина на етнологот кавадарчанецот Васил Хаџиманов. Според записите таа потекнува од 30-тите години на минатиот век.
Tweet |