Петар Печков
Објавено: петок, 25 септември 2015
Сообраќајна несреќа која се случи напладне во тунелот Катланово, предизвика сообраќаен колапс на автопатот Велес - Скопје. Километарската колона се протегала неколку километри пред тунелот, додека автомобилите кои биле во тунелот чувствувале проблеми со дишењето.
Од СВР Велес ја потврдија сообраќајката, која се случила во 13,50 часот и во неа учествувале два камиони и еден автомобил. Сообраќајот е нормализиран околу 15,15 ч. Дел од возилата се упатиле кон Скопје по стариот пат, додека тие што се во тунелот, се жалат на издувните гасови и имаат тешкотии со дишењето.
Повредениот е префрлен во велешката Болница, Лекарите информираат дека сосотојбата му е стабилна и не е во животна опасност.Од несреќата лицето се здобило со повреди на ногата, градниот кош и главата.
Според изјавите од очевидци до несреќата дошло кога комбе се обидело да претекне камион. Во истовреме автомобилот тргнал да го претекне комбето и удрил во него.
Tweet |