Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јуни 2020
Кај подвозникот кај Венуле, на пладне околу 13,30 ч. се случи сообраќајна несреќа во која според сведоците учествувале два автомобили, а има и две лица повредено. Веста ја потврдија и од СВР Велес. Едниот автомобил бил со регистарски таблички од Битола другиот од Скопје и возеле по стариот пат од Велес за Градско. Први на помош дошла екипата на Итната помош.
Едниот пациент бил конфузен со повеќе посекотини по телото а вториот пациент со болки во градите од ударот во волан. И двајцата се згрижени, имобилизирани, едниот со вклучена терапија и транспортирани во Болница - информираше д-р Васе Пановска раководител на службата за Итна помош при Здравствен дом Велес.
На хируршка амбуланта се донесени две момчиња, со полесни повреди. Згрижени се, дадена им е неопходната здравствена нега и попладнево се најавува дека ќе бидат пуштени на домашно лекување - кажа др. Весна Николовска Неделкова.
Tweet |