Петар Печков
Објавено: четврток, 20 јули 2017
Средата попладне околу 18.30ч.на автопатот А1 Велес- Градско, во близина на исклучок за село Виничани се случила сообраќајна незгода, во која возачот Радислав Д. починал на лице место.
Автомобил марка „Опел-Зафира“со кумановски регистарски ознаки, сопственост и управуван од Р.Д. (52) од Куманово, изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и се превртел во канал за атмосферски води, на длабочина од 3м. Како последица на добиените повреди возачот починал на местото на настанот и е причинета материјална штета на возилото од околу 300.000ден – изјавија од СВР Велес.
Телото на починатиот е упатено на обдукција, а возилото е однесено во Станицата за технички преглед на АМСМ - Велес.
Извршен е у вид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител и екипа од СВР Велес, по шот ќе се знаат причините за несреќата.
Вторникот вечер околу 21.00 ч. на автопатот А 1 Велес - Скопје, близу Пуста кула сообраќајка помеѓу две возила а едното возило е толку оштетено што е хаварисано.
На вијадуктот кој се наоѓа на 1,2 км пред Зимскиот пункт на „Македонија пат“, кај м.в. „Ајдучка Чешма “, дојдено е до сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка „Цитроен Ц-4“ со национална ознака на Р. Грција управувано од Д.М.(46) во Р. Италија а живее во Р. Грција. и камион марка „Мерцедес Бенз 1317“ со струмички регистарски ознаки управувано од В.Д.(61) од Струмица. До незгодата е дојдено поради не држење на растојание помеѓу возилата. Во незгодата автомобилот е целосно хаварисан – изјавија од СВР Велес.
Tweet |