речник контакт

Сообраќајка кај Градско, еден тешко повреден

Во Градско сосед натепал сосед со лопата

Петар Печков

Саботата попладне околу 18,45 часот на делницата од автопатот Градско - Велес, после наплатна рампа се случила сообраќајна незгода , во која има двајца повредени од кој еден е потешко и завршил на клиника во Скопје.,

Петокот попладне дошло до  судар на помеѓу патничко моторно возило „Сеат Леон“ управувано од М.Б.(25) од Битола и патничко моторно возило „Мерцедес А 200“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Скопје. Во незгодата  со повреди се здобиле сопатниците на двете возила, С.Б.(53) од Битола и В.С.(29) од Скопје по што со возило на Итна медицинска помош  се пренесени во Општа болница Велес, каде им е укажана лекарска помош. Од страна на доктор кај С.Б. се констатирани тешки телесни повреди и истата е префрлена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје - информираа од МВР.

Во билтенот на МВР евидентиран е уште еден настан во населба Градско, сосед натепал сосед со лопата и завршил во Болница. 

На 06.10.2018 година во 23,20 часот во Градско, Велес, во населба Стопанство на улица „8-ми Септември“ по претходна расправија помеѓу М.П. и Ш.Ф., Ш.Ф. влегол во дворот од куќата на М.П. и со лопата го удрил во пределот на главата и телото, а потоа со истата почнал да удира и по неговото возило. На М.П. му е укажана лекарска помош во Општа болница Велес - пишува во соопштението.  Полицијата презема  мерки за расчистување на настанот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »