Петар Печков
Објавено: недела, 18 август 2013
Вечерва околу 21,20 минути автомобил марка ,,форд,, со велешки регистарски таблички удри во воз на патниот премин кај фабриката Киро Чучук. Возот доаѓал од правец од Битола. Двајцата патници во автомобилот имаат повреди на главата, но според докторите не се во животна опасност. Тие имале среќа, оти автомобилот со кој се возеле е куп железо.
Примивме двајца пациенти кои се здобиел со сериозни повреди во сообраќајна несреќа кога удриле во воз. Едниот има повреди на главата, вториот по телото, имаат амнезија и не се сеќаваат на настанот. Беа на снимање на главата, нема повреди на черепот и остануваат во Болница да ја следиме нивната здравствена состојба – изјави д-р Љупчо Леов дежурен хирург во велешката Болница.
Двете лица Лазе Л. ( 20 год) и Пепи А. ( 20 год) имале среќа оти автомобилот кој го управувале е без малку искршен а тие се здобиле со повреди кои не го загрозуваат нивниот живот. Сведоците на несреќата велат дека автомобилот не ја почитувал сообраќајната сигнализација.
Имаше автомобил пред преминот, кој чекаше да мине возот оти светеше сигналот но и свиреше. Фордот ја заобиколи колата што стоеше и удри во возот, во задниот дел. Двете млади лица летаа од колата и паднаа десетина метри подалеку од местото на сообраќајката – вели очевидец на несреќата.
Од ЈП МЖ кои беа на местото нa несреќата потврдуваат дека сигнализацијата работела, трепкала и давала звучен сигнал, но од ударот таа сега е вон употреба. Поради сообраќајната несреќа возот кој беше на релација Битола – Скопје и преполн со патници, кој се враќаа дома, два часа беше на отворена пруга. Железничкиот сообраќај од и за Битола, беше нормализиран околу 23,30 часот. Ова е четврта сообраќајна несреќа на железничките премини во велешко годинава во која настрада и едно лице.
Tweet |