Петар Печков
Објавено: вторник, 05 ноември 2024
Утринава близу селото Рибарци, општина Росоман се случила сообраќајна несреќа во коај учествуале две возила а во нив биле двајца велешани, од кој едниот починал на лице место од здобиените повреди и две девојки од Градско. Деталите од СВР Велес.
„На 05.11.2024 во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 08.45 часот на регионален пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 18-годишната В.З. од Градско и возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(46 год) од Велес. Од здобиените повреди на местото починал М.П.(40 год) од Велес, сопатник во товарното возило, а смрт констатирал лекар“- соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, а со телесни повреди се здобила возачот на патничкото возило, констатирани во болницата во Кавадарци.
За здравстената состојба на тројцата пациенти пренесени и згрижени во Општата болница Кавадарци од дежурниот хирург д-р Благој Митев.
„Утрово околу 9 ч. донесени се тројца пациенти повредени во сообраќајна несреќа. Извршени се рентген снимања и комјутерска томографија, лабараториски иследувања. Девојка на 18 годишна возраст има скршеница на карлица и на десна подлактица. Девојчето е стабилизирано и препратено на Клиника за трауматологија за Скопје, поради специфичната повреда. Вториот пациент на 46 годишна возраст, констирана е отворена скршеница на десна бутна коска и има контузивни повреди на глава, граден кош. Тој е упатен на КАРИЛ во Скопје заради тежината на повредата. Третиот повреден патник е исто 18 годишно девојче, кај кое по извршените испитувања, компјутер, рентген, лабараторија, нема засега телесни пвореди, освен што е во шокова состојба, вознемирана, сепак е дете на 18 годишна возраст. Попладне ќе се вршат нови испитувања, задржано е на опсервација“ – кажа д-р Митев.
Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Tweet |