Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 април 2020
Попладнево околу 14,15ч. на клучката за Скопје и Штип, се случи сообраќајна незгода, во која учествуваа мотор и автомобил. Мотористот А.М. (49 год) од Штип се здобил со скршеници. Според очевидците тој доаѓал од правец на Штип а автомобилот од правец на Велес.
По дојава екипа на итната помош беше на лице место, имало случај на моторист со повеќе повреди. Згрижен е дадена му е неопходна помош и пренесен во Болница - изјави др. Страхил Тодоров портпарол на Итната помош.
Од велешката Болница информираа дека лицето е хоспитализирано.
На одделението за ортопедија примен е пациент, извршени се неопходните претраги, снимања и констатирани се скршенци на лево стопало и десна шака и повредите се санирани - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.
Tweet |