Петар Печков
Објавено: четврток, 03 ноември 2022
Средата претпладне се случи сообраќајка на пешачкиот премин, кај нотарите, во центарот на градот, карши споменикот ан Рацин. Пешакот се здобил со тешки поведи, повеќе скршеници.
„На 2 ноември во 10.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „8 Септември“ во Велес, патничко моторно возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.П.(47 год) од Велес, удрило во Б.Ј.(58 год) од Велес“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Повредниот ја минувал улицата од кај нотарите кон паркинг, при падот удрил со глава на асфалтот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани од Општата болница во Велес.
„Кај повреденото лице констатирани се повреди на череп, четири скршеници на ребра, поради што е здржан на болничко лекување“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова.
фото илустрација
Tweet |