Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 јули 2025
Вчеравечер сообраќајка на три возила на Штипско џаде, близу депонијата на Дервен, во која две лица, сопружници, се здобиле со тешки повреди. Итно се пренесени на лекување во Скопје.
„Побарана е интервенција на дежурната служба, едно возило е испратено на местото на сообраќајката. Две лица се со тешки повреди на граден кош, дадена неопходна помош и пренесени на Ургентен центар од велешка Болница“ – кажа д-р Василка Пановски, началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравстен дом Велес.
„Пред полноќ примени се две лица тешко повредени во сообраќајка, со политраума, констатирана по извршени снимања. Дадена е здравствена нега и веднаш препратени на скопските клиники “ – изјави д-р Вано Граматов порптарол на велешка болница.
Во билтенот на СВР Велес за настанот е запишано дека учестувале три возила.
„На 20.07.2025. во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66 год) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31 год) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31 год) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес“ – соопштија од СВР Велес.
| Tweet |




