Петар Печков
Објавено: четврток, 05 април 2018
Јавноста зборува за бркотници, автомобилот е со искршени стакла, полицијата објаснува дека се случила сообраќајка. Сведоците трвдат беше 11ч. полицијата вели точно на пладне.
Денес четврток 5-ти април околу 12.00 часот на ул.„Благој Ѓорев“ патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски таблици управуван од А.С.(28) од Велес удира во пешак М.Л.(59) кој се движел по обележаниот пешачки премин. Со возило на Итна медицинска помош пешакот е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Велес каде по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување - стои во писменото соопштение од СВР Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Tweet |