речник контакт

Сообраќајка помеѓу мотор и велосипед во Бузалково, учесници биле малолетници

Децата минале со полесни повреди а моторист возел пред да стекне право на управување

Петар Печков

Вчера попладне во Булзаково се случила сообраќајка, во која учествувале мотор и велосипедист. И двете лица биле деца, малолетници.  Мотористот возел а немал возачка за мотор. 

„На 22 април  во СВР Велес е пријавено дека околу 15:20 часот, во близина на основно училиште во село Бузалково, велешко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник и велосипед управуван од 11-годишен малолетник, двајцата од село Бузалково“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес.

Во несреќата, двајцата малолетници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.

По овластување од јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. 

„При увидот  било констатирано дека 17-годишникот го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување. Мотоциклот бил одземен, а полициски службеници од СВР Велес  извршиле службен разговор со 17-годишникот во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес и со родител на 11-годишниот малолетник“ – дополни Милевска Ѓеоргиева.

По целосно документирање на настаните ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »