речник контакт

Сообраќајка пред Судот, повреден моторист

Поради увид, сообраќајот се одвиваше преку тротоарот пред Хотел Интернационал

Петар Печков

Средата  попладне, во 16.35ч. на ул.„8-ми Септември“  пред  Основен Суд Велес,  се случи сообраќајна несреќа со еден повреден.

Во неа учествувале патнички автомобил марка „фолксваген голф“со велешки регистерски ознаки управуван од М.Џ. (35 год) од село Сливник и велосипед со мотор со велешки регистерски ознаки управуван од И.С.(42 год) од Велес.

Во несреќата со повреди се здобил возачот на велосипедот со мотор, кој со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес, каде се констатирани телесни повреди-информираа од СВР Велес.

До сообраќајката  дошло   кога  автомобилот, кој бил паркиран пред Основниот суд, се симнувал од тротоарот за да продолжи по  коловозната лента, при што го удрил мотористот.  

По овластување на јавен обвинител увид на лице место изршила увидна екипа од Полициска станица за безбедност на сообраќајот на патиштата Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »