Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јуни 2012
Во понеделникот попладне околу 18 часот на улица Димко Најдов, Долни Дуќани случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил Сеат Кордоба со велешки регистерски ознаки управуван од К.Р. р.1983 г и моторцикл марка Хонда со велешки таблички управуван од И.А. р.1985 год од Велес.
По случувањето на незгодата со возилото на Брза помош возачот на моторциклот е пренесен во велешакта Болница - Хирушко одделение, каде што од страна на дежурен доктор констатирани се тешки телесни повреди и задржан е на лекување.
Според СВР Велес во мај и април се случиле по седум сообраќајки, каде што учестувале мопеди и моторцикли а возаќчиет се здобиле со тешки и полесни повреди. Во март имало две вакви сообраќајки. Загрижувачка е бројката на сообраќајни незгоди во кои учесници се велосипедистите, велат од СВР Велес.
Tweet |