Петар Печков
Објавено: среда, 26 август 2026
Неделата попладне од 17 до 22 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При оваа контрола биле констатирани повеќе прекршоци. Одговорот на поставеното прашање од ТрМр е следен:
„Во рамки на акциската контрола насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, на територија на Општина Велес биле контролирани вкупно 21 возач, при што биле констатирани шест прекршоци и едно кривично дело по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување на моторно возило“. Од шесте констатирани сообраќајни прекршоци, пет се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем и едно за управување возило под дејство на алкохол“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес.
МВР објави дека од 18 мај до 31 јули 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спровел засилени контроли на целата територија на државата на возачи на електрични тротинети, при што биле констатирани вкупно 965 прекршоци. На подрачјето на СВР Велес за 73 дена биле регистирани 73 прекршоци, или секој ден по еден. Најмногу прекршоци од лицага кои управуваат тротинет има во Битола 443.
| Tweet |




