речник контакт

Сообраќајот кон Раштани, Бузалково и Иванковци се одвива со тешкотии

И сообраќајот на патниот правец Велес – Чашка се одвива отежнато

Петар Печков

Центарот за управување со кризи информира дека патниот правец кон село Раштани и Бузалково  е непрооден. Мештаните од овие населени места кажуваат дека има наноси од снег, на одредени делници е смрзнат коловозот и мошне тешко е да се движат возила.

Проблеми вообичаено со снегот има и за Иванковци, каде патот исто така е подрмзнат, мештаните велат утрово немале струја.

Во Општина Чашка машините биле на терен, а сообраќајот на  патниот правец Велес – Чашка се одвива отежнато.   

Во општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни во зимски услови. 

Утрово еден час беше затворен за сообраќај автопатот од Велес за Скопје, порада расчистување на снегот кај наплатна рампа Отовица.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »