речник контакт

Сопружници од Скопје загинаа во сообраќајка кај Демир Kапија, детето се бори за живот

Во сообраќајката која се случи кај Демир Капија, повредени се уште три лица

Петар Печков

Патувањето на семејството  Пакиќ од Скопје кон Гевгелија, беше кобно за  Билјана (32 год) и Небојша (41 год). Тие го загубија животот вчера утро (среда)  околу 7,20 ч. откако директно во нив дури автобус, а за нивниот седумгодишен син докторите  се борат за неговиот живот.    Од здобиените повреди брачниот пар починал на лице место.

Сообраќајната несреќа се случи на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка, кога се судриле автомобил марка Ауди А4 со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин Д.С. (46 год), автобус на „Струмица експрес“, управуван од Ѓ.В. (60 год) и автомобил марка Фиат сеиченто со скопски регистарски таблички, управуван од Н.П. (41 год.) – стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител издал наредба за обдукција на телата на починатите лица, како и наредба за технички преглед на автомобилот Ауди и на автобусот. Истовремено, земени се примероци од крв и урина на возачите, кои ќе се анализираат.  Според сведоци  токму  српскиот возач Симиќ, кој го управувал аудито со германски регистарски таблички ја предизвикал несреќата.  

Автомобилот марка ,,ауди,,  кој го управуваше Србин со германски таблички премина на  левата коловозна лента, возачот на автобус за да го избегне ударот отиде на спротивната лента а на која беше возилото фиат со скопски регистарски таблички и се удрија директно – вели очевидец на настанот.

 Од обвинителството прецизираат дека  возачот на автомобилот ,,Ауди А4,, е задржан.   Во Велешката болница утрово се примени четири лица.

Донесено е седумгодишно дете со тешки  повреди на граден кош и на стомакот. Тоа е реанимирано и во животно загрозувачка состојба пренесено во  Ургентен  во Скопје.  Истовремено се донесени и  пациентка  Н.С (37 год) која има скршеница на колк и две деца  девојче  на 15 години и момче на 17 години. Тие беа престрашени од сообраќајка, немаат повреди – изјави д-р Петре Кодовски портпарол на Општа Болница Велес.

Поради сообраќајката сообраќајот на делницата Демир Капија – Удово се одвиваше со големи потешкотии, колона во правец кон Гевгелија била долга околу 7 км. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »