Петар Печков
Објавено: четврток, 26 август 2021
Формирани се Општинскате изборни комисии, откако на претходните им истече мандатот. Тоа е реализирано по пат на ждрепка од лица вработени во државната и јавна администрација, и со мандат за следните пет години. Во прдолженбие составот на ОИК за Велес и соседните општини Лозово, Градско и Чашка.
Составот за ОИК Велес е следен: претседател е – Андреј Ќамилов, вработен во Општина Велес, негов заменик е Марјанка Мишева од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување. Членови се Валентина Ристова - од локалната власт на Општина Чашка, Димче Атанасовски од Општина Велес, Ребека Бајдевска Гошева од Државен архив и Сања Димевска од Инспекциски совет. Нивни заменици се : Емилија Ќупева Неделкова од Министерство за животна средина, Оливера Чанева од Општина Велес, Лазо Петрушевски од град Скопје и Лазар Капчевски од Министерство за земјоделие.
Формирана е Општинската изборна комисија за Општина Чашка. Составот е следен: претседател е – Јованче Николовски, вработен во Општина Чашка , заменик Разие Бејлурова вработена во Државно правобранителство. Членови се Сали Латифов, Стојне Анишиќ и Бојанка Мирова - од локалната власт на Општина Чашка, Халит Фератов од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Нивни заменици се: Марјан Јовановски од локалната власт на Општина Чшака, Зоран Наковски од Министерството за земјоделие, Суад Садику од Министерството за финансии и Татјана Тодорова од Агенцијата за храна и ветерина.
Формирана е Општинската изборна комисија за Општина Градско. Составот е следен: претседател е – Мери Седмакова, заменик Александар Ѓорѓиевски и двајцата вработени во Општина Градско. Членови се Глигур Коцев- Министерство за земјоделие, Елена Смилкова и Аце Атанасов - од локалната власт на Општина Градско, Диме Николов од Министерството за образование. Нивни заменици се: Пецо Кузманов од локалната власт на Општина Градско, Мери Перкова од локална власт на Општина Велес, Дане Петрушевски од Министерството за земјоделие, Марија Чатмова – Собрание на Република Северна Македонија.
Формирана е Општинската изборна комисија за Општина Лозово. Составот е следен: претседател – Ванчо Пешевски – УЈП, заменик Виолета Спасова Колева вработена во Општина Лозово. Членови се Бошко Цветковски - Министерство за информатичко општество и администрација, Анкица Анакиева и Александар Јакимовски - од локалната власт на Општина Лозово, Сања Јовановска- Агенција за вработување. Нивни заменици се: Јордан Илиевски од Министерство за финансии, Стојан Пешевски од локална власт на Општина Лозово, Наумче Ризовски од Државен архив и Марија Давчева -Агенција за храна и ветерина.
Tweet |