Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 декември 2020
Во третиот квартал - јули- септември, во Велес има сериозен пад на трансакциите на недвижности во однос на првиот квартал од годината -јануари- март. Ова се однесува на купопродажбата на станови, куќи, деловен простор, земјоделско земјиште, градежно земјиште.
Податоците се објавени на регистарот на цени и закупни, од Агенцијата катастар за недвижности. Ваквиот пад според познавачите се должи на ковид заразата и економската криза која таа ја предизвика, што директно влијаеше на намалениот обем на купопродажба на недвижности.
Во бројки ако на почетокот до годината, период јануари- март, кога ковид заразата ја немаше, во Македонија се појави кон крајот на февруари, во Велес имало 185 трансакции, во третиот квартал имало 97 трансакции или скоро двојно помалку .
Во првиот квартал( 01.01 -31.03) во Велес биле продадени 34 станови, 17 куќи , пет деловни простор, 39 површини земјоделско земјиште, 17 парцели градежно земјиште.
Во третиот квартал ( 01.07 -30.09) во Велес биле продадени 20 станови, 13 куќи , четири деловни простори, 21 земјоделско земјиште и девет парцели градежно земјиште.
Наспроти податокот дека опаѓаат трансакциите со недвижностите, ковид заразата и економската криза која таа ја предизвика, влијаеја да има пораст на хипотеките во градот.
Во првиот квартал годинава, во Велес имало под хипотека 10,4% од становите а во третиот квартал процентот се зголемил 11,5%. Или во бројки на почетокот од годината имало 3.469 станови под хипотека а во третиот квартал имало 3.871 стан под хипотека. Но во сета оваа ситуација, има пораст во изградбата на нови станови. Споредено со првиот квартал во третиот имало 145 изградени станови. Или во бројки 33.442 наспроти 33.587.
Ева каква била состојбата и во соседните општини, во однос на трансакциите на недвижности.
Во Општина Чашка на почетокот од годинава има купопродажба на пет куќи и 18 парцели земјоделско земјиште. Во третиот квартал има купопродажба на шест куќи, 18 парцели земјоделско земјиште и една парцела градежно земјиште.
Во Општина Градско на почетокот од годинава има купопродажба на три парцели земјоделско земјиште. Во третиот квартал има купопродажба на две куќи и една парцела земјоделско земјиште.
Во Општина Лозово на почетокот од годинава има купопродажба на пет парцели земјоделско земјиште и една од градежно земјиште. Во третиот квартал има купопродажба на три парцели земјоделско земјиште.
во текстот користени се податоци од Агенцијата за катастар на недвижности.
Tweet |