речник контакт

Состојба на стојалиштето Тополка

Во Македонија има 30-тина необезбедени железнички патни премини, кои често поради невнимание на луѓето, земаат човечки животи. МЖ со годишната програма планира да се инсталираат автоматски рампи. - Една таква рампа чини до 150 илјади евра а за целосно покривање ни требаат повеќе од 4 милиони евра. Толку средства немаме, но затоа секоја година на три најфрекфентни и најопасни необезбедени железнички премини, ќе вградуваме ваков систем - изјави директорот Никола Димитровски, на забелешките на жителите од Горно Оризари за необезбедениот железнички премин до селото, каде имало многу жртви изминатите години.

Петар Печков

Разрушено, без услови за престој, без кров и чекална е стојалиштето Тополка, кое го користат патниците кои чекаат воз. Преку железницата е можноста за допир со светот, за жителите на населбата Горно Оризари-велешко.

- Овде се катастрофални услови за престој, нема ништо но сепак се користи,  нема клупа, нема чекална, ниту ве-це. Кога е врнежливо стоиме со чадори, не знаеме дали и колку доцни возот. Кога е темно, ноќе пак страв ни е во оваа пустелија некое животно да не не нападне - вели Авдија Калач која со двете девојченца трпеливо чекаше да дојде возот од Богомила за Скопје. Тој  доцнеше 10-тина минути, за тоа време децата иако сакаа да се напијат вода, немаа од каде а сонцето немилосредно печеше.

Руинираната зграда ни приближно не доловува дека своевремено, пред 25 години ова било најсовремено стојалиште во Македонија. Таа била изградена од алуминуим и стакло, ја користеле блиските индустриски гиганти Порцеланка и Свилара, денес од неа  останати се само  голите ѕидови.

Од 1999та година, со замирањето на овие капацитети и железничкото стојалиште  Тополка започнало да се распаѓа, за сега да личи на руина. Но и покрај тоа 3,5 илјади жители на населбата Горно Оризари го користат за нивните патувања.

- Тесно сме поврзани со неколку прилепски села, од каде се многу овдешни зетевци и снаи. Затоа возот често се користи до Прилеп и од студентите кои патуват за Скопје, но за жал нема никакви услови додека чекаме тој да стигне. Кога е темно луѓето ги фаќа страв да чекаат - вели Хуско Кицара, претседател на МЗ Горно Оризари.

За овие проблеми изворно можеше да се информира и директорот на ЈП Македонски Железници, кој во саботата беше во посета на пругата и објектите на релацијата од Велес до Богомила. Слична судбина како ова стојалиште, имаат и многу други во регионот на Азот. Малиот обем на превоз и нискиот приход, ја заборавиле оваа делиница од одржување, што резултира со лоша состојба на стојалиштата .

Но сепак за жителите на Оризари надеж дека проблемот може да се реши.

- Доколку заедно настапиме, вие со работна рака, МЖ со материјал а помогне и општината, за половина година ќе има нова зграда - го најави решението за овој објект директорот  на ЈП МЖ Никола Димитровски. Кога ја погледна зградата и самиот рече дека тое е грда слика за државата и МЖ, недостојна за патниците во 21 век. За да не се повтори случајот со уништувањето на објектот, тој го прифати предлогот кога тој ќе биде готов да се даде на одржување на некој железничар, кој тука би живеел.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »