речник контакт

Софија и Лука се најчести имиња на бебињата во Македонија

Повеќето од бебињата родени во Македонија се машки. Најголем број од бебињата се родени во месец јули

Петар Печков

Софија е најчестото женско, а Лука најчестото машко име кое родителите го избирале за своите новородени деца во текот на изминатата година.

Меѓу популарните имиња кај женските бебиња се и Јана, Хана, Ана, Мила, Ева, Сара, Бисера…., а кај машките Михаил, Дамјан, Јаков, Јован, Давид, Петар, Марко, Матеј, Алексеј….

„Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте“, објаснуваат педагозите.

Според Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, минатата година се родиле 18.073 бебиња, од кои повеќето - 51,2 отсто се машки.

Според месецот на раѓање пак, како што покажува статистиката, најголем број бебиња  се родени во  јули, дури 1 717. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »