Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 ноември 2022
Јапонската амбасада во Скопје донираше на Велешката Општа болница дигитален апарат за рендген снимање „Шиматцу“, вреден 60 илјади евра. Тој е дел од ГГП програмата за мали грантови на Јапонската амбасада за поддршка на здравството, образованието, екологијата во земјава. Од 1966 година Јапонија во Македонија, донирала 8,5 милиони евра за 171 проект.
„Од септември 2021 година, кога беше инсталиран апаратот досега се извршени 16.320 снимања. Тоа и помогна на болницата да се справи со зголемениот број на пациенти на пандемијата од ковид-19. Јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на Македонскиот народ да има подобри здравствени услови“- порача амбасадорот Хиронори Савада.
Bo 2021 година, ковид-19 беше меѓу главните причини за морталитет во Македонија. Корист од новиот дигитален рендген апарат ќе имаат околу 200.000 потенцијални пациенти од регионот.
„Новиот апарат е последен збор на дигиталната рендген техника. Тој е со помала зрачна доза, со побрзи и квалитетни снимки и поквалитетен третман на пациентите. Дигитална слика стигнува за пет минути, таа е многу прецизна, со висока резолуција и е апарат со многу помала зрачна доза “- кажа примариус д-р сци. Марионка Дејановска раководител на одделение за радиодијагностика.
„ЈЗУ Општа Болница Велес има во неколку наврати добиено значајни донации од Јапонскиот народ во опрема и апаратура. Со новиот апарат радиолозите и радиолошките технолози можат да работата брзо и се добиваат снимки со одличен квалитет. Се намалија трошоците за набавка на непотребни рендген филмови, касети, хемикалии“ - изјави директорот д-р Божидар Бојаџиев.
Градоначалникот на Велес Марко Колев се заблагодари во името на сите граѓани на општината за оваа донација и потсети што се досега има вложено Јапонската амбасада во градот.
„Набавени се возила за итната медицинска помош, за против пожарната единица, реконструкција на кровот од ОУ Блаже Коневски, рехабилитација на простории во три училишта“ - кажа Колев.
Од мината седмица болница доби и дозвола за може да се користи и компјутерскиот томограф кој Министерството за здравство го отстапи за користење , оти претходниот не работеше безмалку една година.
Tweet |